Поранешниот премиер Зоран Заев на панелот „Суверенитетот и Европа“ во Струмица ги стави во корелација рускиот претседател Владимир Путин и апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев во контекст на 9 мај и победата над фашизмот?!
„Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победува во новиот судир. Европа или Путин? 9 Мај – 2022 година – Денес сите треба да се запрашаме. Чива победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа? Дали сме за воена агресија или за културен натрпевар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за европски слободи? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор. Нема неутралност по овие прашања.
Бидете уверени дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда. Апелирам – сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај“, рече Заев на дебатата во организација на Амбасадата на Франција во Македонија.





