Комисијата за заразни болести бара укинување на рестриктивните мерки

Комисијата за заразни болести препорача укинување на рестрикциите кои беа воведени поради коронавирусот. Доколку предлогот добие зелено светло од Владата нема потреба од сертификати за во угостителски објекти, на културни, спортски и други настани. Нема да има ограничување ниту на бројот на луѓе во затворени простории, ниту протоколи кои беа воведени за се и сешто. Останува само задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.



-Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца, соопштија од мз.