Никовски: „Наместо борба за интересите на државата и народот, Владата се однесува понизно и предавнички кон Бугарија“

„Освен Фридом хаус, во последниов период и други меѓународни организации и аналитички групи директно ѝ препорачуваат на ЕУ да се ангажира поконкретно и позасилено за притисок врз Бугарија да не го попречува процесот на проширувањето. Но, речиси тригодишното искуство на Македонија со ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ остава простор за прашањето: колкаво е реалното влијание на ваквите аргументирани препораки на адреса на ЕУ, за Унијата да ѝ наметне на Бугарија да се однесува во согласност со европските принципи и стандарди?“ – вели Јасминка Павловска во својата анализа со наслов „Моќна ли е ЕУ да ѝ наметне одлука на Бугарија да не го блокира проширувањето?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

„Колку се задолжителни препораките на меѓународните институции за Софија?“

Павловска пишува: „Извештаите на меѓународните организации, што го оценуваат тековниот демократски статус на земјите во транзиција се доживуваат како ‘воспитни инструменти’ пред сѐ за државите, кои се предмет на постојано надгледување во поглед на нивниот демократски развој. Во годишниот извештај на Фридом хаус за 2021 година Македонија и натаму е рангирана како хибриден режим, овој пат во друштво со уште десетина држави, како: Унгарија, Црна Гора, Србија, Молдавија, Косово и Ерменија… Општата оценка за демократскиот напредок на Македонија изнесува 3,82 (на скала од 1 до 7), или 47 проценти. Во тој годишен извештај вниманието го привлекува забелешката на Фридом хаус токму до ЕУ.“

„Фридом хаус вели дека тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ и оти ‘блокот треба конечно да ги почне пристапните преговори со Албанија и С. Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите’. Освен Фридом хаус, во последниов период и други меѓународни организации и аналитички групи директно ѝ препорачуваат на ЕУ да се ангажира поконкретно и позасилено за притисок врз Бугарија да не го попречува процесот на проширувањето.“

„Влијанието на меѓународните институции во однос на нашиот проблем со Бугарија е рамно на нула?!“

Поранешниот македонски дипломат Ристо Никовски не е уверен во моќта на влијанието на авторитетот на меѓународните институции во убедувањето на Бугарија да се однесува конструктивно и да не го попречува процесот на проширувањето.
Влијанието на препораките на меѓународните институции (како извештајот на Фридом хаус) во однос на нашиот проблем со Бугарија е рамно на нула. Официјална Софија целосно ќе ја игнорира таа препорака и ќе продолжи со своето нецивилизирано и средновековно однесување спрема Македонија. Ако Македонија имаше власт, што се бори за интересите на оваа држава и народ, ќе беше многу поактивна на меѓународен план. Такво нешто не се случува и, што е најстрашно, во однос на Бугарија ние се однесуваме понизно, предавнички и како да не сме суверена држава.’ – вели Никовски.“



Интернет-врска до целата анализа:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/mokjna-li-e-eu-da-%d1%9d-nametne-odluka-na-bugarija-da-ne-go-blokira-proshiruvanjeto/