Професоирот Денко Малески е разочаран што Македонија и Бугарија немаат решение за надминување на спорот кој го кочинапредокот на Македонија кон ЕУ.
„Сепак, она што е разочарувачко е дека нема идеи за решение, што е последица и на фактот дека односите со Бугарија се уште се табу тема кај нас, па сме постојано во дефанзива.
Во недостиг на идеи, нашето МНР го вади од фиока мртвиот португалски предлог.
Македонскиот претседател Пендаровски изјави дека улогата на политичарите е да ги решаваат проблемите на своите народи денес, па ако се очекува тие да заземат став по историските прашања, спорот никогаш нема да се реши.
Бугарскиот претседател, пак, ги нападна самите темели на нашата млада држава и нација со познатата антикомунистичка реторика за Коминтерната и за диктаторот Тито.
Никогаш не ми било јасно зошто е потребно да се бега од фактот дека една голема сила како СССР влијаела врз текот на историјата на Балканот во време на Втората светска војна, исто онака како што САД и западните сојузници ја дадоа пресудната поддршка за Република Македонија после Студената војна.
На истата таа антикомунистичка линија се и обвиненијата на Радев против Тито, признатиот од сите херој од Втората светска војна.
Македонија и Бугарија, како некогаш Македонија и Грција, сега се бродови во магла кои се разминуваат среде океанот на светската политика“, вели Денко Малески за Слободен печат.







