Во Унгарија има пораст на платите каков немало од 1998 година

Со брзо темпо растат платите во Унгарија. Tие се зголемени за скоро една третина. Бруто месечните плати се зголемија за 31,7 отсто на годишно ниво на 1.568 долари во февруари. Податоците ги објави статистичкиот завод со седиште во Будимпешта.



Зголемувањето е најголемо од 1998 година, пишува „Блумберг“. Премиерот Виктор Орбан го освои четвртиот последователен мандат на гласањето на 3-ти април. Тој водеше кампања за привлекување гласачи со зголемување на платите и бонуси во јавниот сектор. Претходно, ги зголеми платите во јавниот сектор за 54 отсто во февруари, пред корпоративниот сектор, каде платите пораснаа за 12 отсто. Многу земји во Европа, па и Унгарија сепак се соочуваат со инфлација. Ситуацијата ја „подгрева“ и војната во Украина.

foto freepik.com