Џастин Тимберлејк ќе настапи во февруари на полувремето од финалето на Американската фудбалска лига и тоа 14 години по скандалот наречен „Nipplegate“ кога несакајќи за расоблече партнерката на сцената Џенет Џексон што резултираше со секвенца гола града на сестрата на Мајкл Џексон, но и настан за кои се уште се раскажува.



Овогодинешниот, 52 по ред Супер Боул ќе се одржи на 4 февруари на стадионот во Минесота.

Ова ќе биде трет настап на Џастин на најзначајниот спортски и музички настан во Америка. Тој прв пат се појави во 2001 година со неговиот поранешен бенд N’Syncom, а во 2004 година се појави на сцената како соло пејач со Џенет Џексон.

Супер Боул и Греми се највлијателните настани каде се продаваат музички достигнувања. На прво место без конкуренција е претставувањето на полувремето од завршниот натпревар во НФЛ лигата бидејќи него секоја година го следат околу 100 милиони луѓе. Потоа редовно доаѓа до зголемување на продажбата на албумите на исполнителите за 20 проценти, а на песните за 36 проценти. И сето тоа само во една недела по Супер Боулот.

Меѓу музичките ѕвезди кои до сега беа изведувачи се: Мадона, Брус Спрингстин, У2, Кети Пери, Ролинг Стоунс, Мајкл Џексон, Бијонсе, а лани свои настап имаше Лејди Гага.