21 година од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, 15 години од добивањето кандидатски статус и 13 последователни позитивни препораки, Северна Македонија се уште чека почеток на преговори со ЕУ, немам што ново да кажам освен дека Македонија се уште чека почеток на преговори со ЕУ, изјави шефот на Македоската дипломатија Бујар Османи денеска во Софија.
Ова беше одговор на прашањето на модераторката Федерика Могерини за кредбилноста на процесот на проширувањето, на панел-дикусијата во рамки на конференцијата „ЕУ се среќава со Западен Балкан во Софија“ што се одржува во бугарскиот главен град.
„Кредибилностаа на ЕУ во С. Македонија е разнишана и тоа го покажуваат сондажите на јавното мислење, а истото се случува и во Албанија, Косово, Србија, БиХ. Прашањето е дали има стратешки пристап и лидерство во ЕУ за Западен Балкан?
Ќорсокакот во кој е ЕУ во однос на проширувањето е извор на ранливост на регионот, а за тоа придонесуваат отворените прашања и руското влијание, со што кај граѓаните се разочарани од ЕУ порад чекањето“, рече Османи.







