Бугарите да донираат пари за оружје за Украина е најмонструозна глупост. Пари треба да се донираат за спасување животи, а не за купување оружје. Ова со оружјето е дело на државата, а не на обичните луѓе, напиша на фејсбук лидерот на бугарскта „Има таков народ“, Слави Трифонов, по предлогот на премиерот, Кирил Петков.
Кирил Петков најави дека е отворена жиро сметка за собирање финансиски средства кои треба да и се обезбедат на украинската влада. Тој го повика секој Бугарин кој навистина сака да помогне да донира плата.
Има таков нарор, партијата на Трифонов е коеалициски партнер во владата на Петков.
Утре за Киев ќе замине бугарска владина делегација. Политичарите ќе разговараат за воена помош откако ќе ја видат ситуацијата на теренот во Украина.






