(…)
„Ако ние се согласиме и ако ја поткрепиме идејата на Петков макар и едно бугарско барање да стане дел од преговарачката рамка, тоа ќе значи дека нашата сегашна и секоја идна македонска влада за тоа прашање ќе мора да расправа и да преговара со сите влади на сите земји членки на ЕУ, предупредува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо
Ние денес имаме билатерален спор со Бугарија, а утре би биле во спор со сите земји членки на Унијата. Утре само за едно прашање – Бугарите во македонскиот устав – а веќе задутре за кој знае колку теми.
Спремни ли сме за таков ризик?
Најновата иницијатива на Кирил Петков, за наводното „одложување“ на ветото до отворањето на првото поглавје во преговорите, е стапица’ – вели Героски.
„Нема да има никакво суштинско одложување. Македонската влада ќе мора да преземе обврска да ги запише Бугарите во нашиот устав пред да почне да преговара за кое било друго прашање. Таква обврска ќе преземе без при тоа без да се прецизира каков статус ќе добијат Бугарите во конституцијата и што би добиле ние за возврат и дали ќе има некакви гаранции дека со тоа ќе се стави крај на софиските уцени.
А, најстрашно од сè е што тоа ќе стане не само софиски, туку и бриселски бенчмарк“…







