Владата и СОНК договорија 12% зголемување на платите

Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на денешниот состанок договорија зголемување на платите во образованието.



Претседателот на СОНК соопшти дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе биде за 12%, јави Сител.

„Се работи за процент од 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор“, додава претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Згоолемувањето би стапило во сила од јули, рече Нерделков.

Што се однесува до штрајкот, претседателот на СОНК рече дека во текот на утрешниот ден ќе се консултира со членството за зголемувањето, а доколку добие потврден одговор, училиштата ќе почнат со работа од среда.