Јавната администрација од утре на протести

Конфедерацијата на слободни синдикати од утре па до петок ќе организира протести секој ден од 16 до 17 часот од Собрание до Влада, на кои ќе се бара усогласување на платите со минималната плата.



„Бараме да се усогласат платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата, а не какошто е направено со Законот за административни службеници со кој платите се покачуваат од 100 до 200 денари.

Така што, во овој момент имаме ситуација кадешто дел од административните службеници или вработените во јавниот сектор земаат или минимална плата или под минимална плата. Досега имаме само едно покачување, а тоа е 5% во 2019 година.

И пред и потоа јавниот сектор е заборавен и затоа е доведен во ситуација да бидеме социјална категорија, вели претседателот на КСС“, Благоја Ралповски.