Резултатот на на Марин Ле Пен на претседателските избори ѝ дава причина за оптимизам за нејзината партија „Национален фронт“ на парламентарните избори.



Ле Пен вчера вчера доби 41 отсто од гласовите на вчерашните избори наспроти 59-те проценти кои ги доби актуелниот претседател Макрон. Со тоа Макрон стана и првиот француски претседател кој е реизбран во последните 20 години

Но Ле Пен синоќа по поразот веднаш проговори за парламентарните избори.

Таа ги повика своите поддржувачи да се свртат кон „големата битка“: „Вечерва започнуваме голема битка за парламентарни избори” таа рече.

„Ќе ја водам оваа битка заедно со Џордан Бардел, со сите оние кои имаа храброст да му се спротивстават на Емануел Макрон во вториот круг, со сите оние кои ја имаат Франција во срцето“, рече таа.