Претседателот на Движењето за права и слободи (ДПС), Мустафа Карадај ги повика бугарските граѓани во Турција да се подготват за избори по 2 мај.



Во својот говор на ифтар во турскиот град Чорлу, лидерот на ДПС побара од бугарските емигранти во Турција да бидат подготвени за предвремени избори во Бугарија.

„Пред 33 години, по репресијата од страна на тоталитарниот режим, бевме принудени да се разделиме со нашите роднини. Не’ избркаа од нашата татковина, се иселивме од нашата земја. Но, успеавме. Демократијата во Бугарија дојде со наша помош“, рече Карадај.

Тој додаде: „Ја плативме и продолжуваме да ја плаќаме цената на оваа демократија. Низ годините поминавме низ многу искушенија. Но, тие не’ направија посилни. ДПС стана силна партија!“

„После Бајрам сите да се подготвиме за предвремени избори. И да имаме уште подобар резултат на претстојните избори отколку на минатите“, додаде Карадеј.БГНЕС


/ БГНЕС