Горанецот Шола без втор круг на изборите во Косово

Адмир Шола, кандидат на Единствена горанска партија, кон која гравитираат Македонците со муслиманска вероисповед од крајниот југозапад на Косово, нема да учествува во вториот круг на изборите за градоначалник на општината Драгаш.



Според прелиминарните резултати од првиот круг, професорот по економија Шола освои нешто помалку од десет проценти гласови од околу 13.000 избирачи што во неделата излегоа на изборите за прв човек на општината. Тој заврши на четвртото место, а во вториот круг ќе трчаат Селим Круезиу од Демократската лига на Косово и Шабан Шабани од Демократската партија на Косово.