Сосед на професорката Јасна Котеска испратил писмена порака во која најавува убиство со вадење на грклан за синот на професорката затоа што наводно правел врева во зградата каде што живеел.
,,Мирен и радосен Велигден во моето катче.
Во меѓувреме син ми утрово добива ваква порака од сосед 3. кат, со закана за колење грклан.
Со години дење-ноќе ги слушавме и се радувавме на сите детски чекори од вашите домови.
Пријавата за смртна закана во полиција добивате до утре”, напиша професорката во првичната реакција на смртната закана.

Таа подоцна објави дека заканата од соседот е пријавена во полиција.
,,Пријавено во полициска станица Беко.
Благодарам до сите вработени во ПС Беко, среќни празници и среќен Велигден до сите”, објави Котеска замолувајќи ги сите соседи и сите луѓе најпрво да разговараат, а потоа да испраќаат пораки “ќе ти го извадам гркланот”.
Професорката која реагира со мајчински инстинкт на заканите кон нејзиното дете не можела да ги скрие емоциите по заканата.
,,Како мајка, јас прво кукавицо ќе го направам тоа ако морам и ќе те лежам!
Не се играјте со деца!”, му порача Котеска на човекот што се заканил со смрт на нејзиниот син.
Закана за убиство според македонските закони може да биде кривично дело дури и ако нема реален обид за убиство.






