Словенија: Јанша поразен од менаџерот Роберт Голоб

Движењето Слободата на менаџерот Роберт Голоб е многу веројатен победник на парламентарните избори во Словенија со освоени најмногу гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, покажува излезната анкета објавена во 19 часот.



Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенска телевизија по затворањето на избирачките места, движењето Слобода добило 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто.

Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата  на Лука Месец со 4,4 отсто. .

Ако овој резултат се покаже приближно точен, тоа би значело дека коалициска влада предводена од Голоб и составена од Социјалдемократите и Левицата е поверојатна опција отколку влада базирана на партијата на Јанша и Нова Словенија, пренесе Индекс.хр.