Макрон уште пет години претседател на Франција!

Емануел Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција и освои втор мандат, според се уште неофицијалните податоци



Тој освоил 58 отсто од гласовите, пренесува француски Le Figaro. Според вообичаените точни проценки, Марин Ле Пен освоила 41,8 отсто од гласовите.

Во Франција утринава во 8 часот почна гласањето за вториот круг од претседателските избори, на кое се одлучува дали актуелниот претседател, проевропскиот центрист Емануел Макрон, ќе ја задржи функцијата во Елисејската палата или ќе биде заменет со кандидатот на екстремната десница, Марин Ле Пен.