Стотици Македонци на Велигден во ,,Свети Климент Охридски” во Берлин (ГАЛЕРИЈА)

Стотици Македонци верници на Македонската православна црква Охридска Архиепископија го пречекаа благодатниот велигденски оган во црквата Свети Климент Охридски во Берлин.



Со пораки за љубов и разбирање дел од Македонците во Берлин се собраа вчера пред полноќ во црквата која го носи името на сесловенските просветител за да го одбележат големиот христијански празник.

Свечената литургија и традиционалните три круга околу црквата со свеќи в рака ги водеше свештеникот Оливер Новески.