Тасевски: Македонец не станува Бугар ни во најлош кошмар

Писателот и актер Сашо Тасевски реагира на бугарските навреди за Македонците во кои се зборува за македонска хистерија.



Тасевски не прецизира кому точно му одговара но пораката ја упатува до сите слични.

,,Патетично бугарче со брада кое се прави многу паметно и бестрашно овде, кога не е на доза кодошење на Македонците и дудлање во централата од каде добива наредби, вели нас Македонците не тресела антифашистичка хистерија деновиве по повод бугарското чествување на фашистот Ванче во Битола.

Па што сакаш бе ти?

Да не тресе фашистичка хистерија ко што ве тресе вас од 1941 наваму?

Нормално е да не тресе антифашистичка хистерија, зашто нашите дедовци биле борци во антифашистичката НОБ од 1941 и не му се клањале на Хитлер ко вашите.

И дај не летај ко гладен голуб. Се виде колку сте во Македонија. 0, 6 проценти.
Ништо од бугарските пасоши што ги делевте ко алва.

Македонец не станува Бугар ни у најлош кошмар. Ни кога е најдрогиран, ни кога е најглуп”, одговара Таневски на бугарските напади врз Македонците.