Пратеникот Станислав Балабанов од „Има таков народ“ потврди дека тој ќе биде единствен претставник на партијата на лидерот Слави Трифонов во делегацијата на бугарската влада која во среда ќе отпатува во Киев.
„Очекуваме во среда да заминеме за Киев, каде што патувањата се малку попосебни затоа што е војна. Ќе одиме во Полска и од таму не би ја кажал точната рута, но има посебна подготовка да се патува ноќе и да се добие до главниот град“, за бТВ изјави премиерот Кирил Петков.
„Прво, ќе ги предадеме шлемовите и елеците што ги ветивме… Второ, коалицијата мора заедно да покаже поддршка за Украина. Да се биде таму е симболика. Не е случајно што другите лидери отидоа таму, затоа што едно е да зборуваш на Фејсбук, друго е да поминеш низ воената територија, да стигнеш до Киев и да и покажеш на украинската влада дека сме со нив“ , рече Петков.
„Лично, би бил среќен да ѝ пружам воена помош на Украина, но како премиер, мојата прва задача е да направам оваа коалиција да излезе со заеднички став“, рече тој.







