Захарова: Униполарниот свет е минато, тоа на САД не им одговара

Портпаролката на рускoто МНР, Марија Захаров, вели дека системот на меѓународни односи минува низ период на длабока трансформација.



„Униполарниот свет е минато многу пред настаните во Украина. Новите центри на моќ во Азија, Африка, Латинска Америка и Блискиот Исток играат сè поважна улога во обликувањето на глобалната агенда, подготвени да ги бранат своите интереси и бараат почитување на сопствениот пат на развој“ вели таа во интервју за руски медиуми.

Ваквиот развој на ситуацијата не им одговара на САД и на другите западни земји, смета Захарова.

„Тие не се подготвени да се откажат од својата привилегирана позиција на светската сцена и се обидуваат да го запрат или забават процесот на демократизација на меѓународните односи“, објасни таа.

Сегашните несогласувања на Русија со САД и Европа се резултат на долгото непочитување на безбедносните интереси на Русија, оценува Захарова.