Гутереш во вторник на средба со Путин во Москва

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторник во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.



Гутереш ќе има работна средба со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот на шефот на ОН, Ери Канеко, рече дека Антонио Гутереш се надева дека ќе разговара за тоа што може да се направи за да се постигне мир во Украина за време на посетата на Москва.

Тимот на генералниот секретар на ОН е во контакт и со украинската влада, и можно е да има средба, рече Ери Канеко.