Амбасадорот на ЕУ во Молдавија,Јанис Мајеикс, на церемонија на која присуствуваше целото раководство на земјата го прими пополнет првиот прашалник за аплицирање за влез на Молдавија во Европската унија .
Вториот дел се очекува да биде претставен до средината на мај.
„Направивме уште еден важен чекор кон градење на Европа овде во нашиот дом. Работевме неуморно за да го завршиме овој документ во рок од десет дена. Ќе продолжиме со нашата работа за да се движиме кон интеграција со европското семејство“, рече премиерката Наталија Гаврилица.
Претседателката Маја Санду, објави дека свикала конститутивен состанок на Комисијата за европска интеграција, која собира претставници на повеќе партии и има за цел да го координира подготвителниот процес за пристапување на Молдавија во ЕУ.






