Светска банка: Светот соочен со криза за храна

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, драматично предупредува дека светот се соочува со хуманитарна катастрофа поради криза со храна која е последница на рускиот напад на Украина.



Малпас во интевју за Би-Би-Си вели дека рекордниот раст на цените води стотина милиони луѓе во сиромаштија.

„Тоа е хуманитарна катастрофа, што значи дека исхраната ќе се намалува. Но, тогаш ќе стане политички предизвик за владите кои не можат ништо да направат по тоа прашање, тие не го предизвикале, а гледаат дека цените растат“, вели Малпас.

Светската банка предвидува дека би можело да дојде до огромно зголемување на цената на храната од 37 проценти, кое најмногу ќе ги погоди сиромашните.