Силен земјотрес почувствуван во Македонија и регионот

Вечерва во регионот е регистриран земјотрес од 6 степени според Рихтер кој најсилно се почувствувал во Босна и Херцеговина и Црна Гора.



Според првичните информации епицентарот е регистриран на 44 километри југоистооно од Мостар.

Земјотресот е силно почувствуван и на територија на Македонија каде предизвика страв и паника но нема информации за штета и жртви.