Џонсон: Тажно е но постои реална шанса Русија да победи“

Битанскиот премиер, Борис Џонсон, коментирајќи ги извештаите на воените претставници рече дека Русија може да ја добие војната.



„Тажно е што постои реална шанса за тоа. Се разбира, Путин има огромна армија. Неговата политичка позиција е исклучително тешка бидејќи направи катастрофална грешка“,изјави британскиот премиер .

„Единствената опција што ја има сега е да продолжи со својот застрашувачки пристап, предводен од артилеријата која се обидува да ги срамни украинските градови со земја“, рече Џонсон.

„Сега е блиску до обезбедување копнен коридор до Крим преку Мариупол. Ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мора да бидеме реални за тоа“, додаде британскиот премиер.

Џонсон нагласи дека Украинците покажале неверојатен хероизам во војната.

„И покрај воената супериорност на Путин, тој не успеа да го победи духот на украинскиот народ“, рече тој.

Џонсон посочи и дека Британија ќе испрати уште артилериско оружје во Украина и потврди дека следниот месец повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.