Зеленски бара по 7 милијарди долари месечно помош за Украина

На Украина ѝ се потребни 7 милијарди долари месечно финансиска помош за да ги надомести економските загуби од војната, изјави денеска Украинскиот претседател Володимир Зеленски во виртуелното обраќање на форумот на Светската банка.



Зеленски исто така рече дека ќе бидат потребни „стотици милијарди долари“ за подоцна да се обнови неговата земја.

Украина претрпе штета од 60 милијарди долари од почетокот на војната со Русија, која започна на 24 февруари. Ова го покажуваат проценките на Светска банка.

Пресметките на институцијата се базираат на „груби“ пресметки за уништената и оштетена инфраструктура во земјава.

Тие му беа претставени на претседателот на Светска банка Дејвид Малпас како дел од конференцијата за финансиското влијание на воениот конфликт, пренесува Ројтерс.