„Бугарија им го покажува местото на македонската држава и на македонските историчари но не со клеветничка историографија, туку со непобитни научни аргументи.“ – вели Блерим Латифи, професор по политичка филозофија на Универзитетот во Приштина во својата колумна, која ја објави весникот „Лајм“ и некои други медиуми на албански јазик под наслов „Косовскиот професор со порака до Пендаровски: се се враќа на овој свет“.
Латифи пишува: „Претседателот на с.Македонија Пендаровски изјави за медиумите дека бугарските историчари ги навредуваат македонските историчари во ‘Комисијата за историја’, која е формирана за да се најде решение за историско-идентитетскиот спор меѓу двете земји.“
„Една стара мудрост вели: сè се враќа на овој свет.“
„Колку расистички навреди кон Албанците има во книгите на овие македонски историчари. За да биде уште полошо, самата македонска држава никогаш не била сериозно заинтересирана да му се спротивстави на овој историографски расизам. Сега Бугарија им го покажува местото. И тоа не со клеветничка историографија, туку со непобитни научни аргументи.“





