ВМРО-БНД, партијата чиј лидер е Красимир Каракачанов најавува серија протести под мотото „Не ја предавај Македонија“, а целта била заштита на бугарскиот национален интерес.
Според ова партија, за Република С. Македонија нема место во Европската Унија, јавува Њуз.Бг.
Почетокот на протестите во кампањата на ВМРО-БНД е на 4 мај (среда) во центарот на Софија, а планирани се и протести низ целата држава.
Протестни акции немало да престанат додека сите бугарски граѓани не се уверат дека е гарантирана заштита на бугарскиот национален интерес.
Во спротивно ќе прераснат во протести за уривање на актуелната власт, најавуваат од партијата.







