Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска одржа бурна прес-конференција на која изнесе голем број тези, помеѓу другото, и за руската инвазија на Украина и – не за прв пат – застана на руска страна, пренесува Индекс.хр.



„Не давам да бидам вовлечен во оваа приказна. Некој утре ќе треба да ги плати сметките, кој е одговорен за толку многу смртни случаи во Украина. Дали се виновни Украинците или оние кои ги поттикнале да го направат тоа? Ова не го зборува човек на Путин, туку човек кој е заинтересиран за Хрватска“, рече Милановиќ.

Милановиќ: Украина не е демократска држава

“Денес Кина тестираше хиперсонични ракети, тие се оние кои ги тонат носачите на авиони. Се’ се менува. Секој ден се помалку зборуваме за Украинците. Ме прогласуваат и за Русин…”, изјави Милановиќ.

Тој тврди дека кога станува збор за Кина и Русија, Американците имаат работа со опасни непријатели и дека „затоа не се осмелуваат директно да се борат со нив“, пренесе порталот.

Изјавите на Милановиќ беа критикувани од премиерот Андреја Пленковиќ кој ги нарече “про*ив“.

„Она што го слушнав е дијареа…Тоа ги помина сите граници, ги прекина сите врски. За жал, тој е избран, и прави штета на секој начин“, рече Пленковиќ.

За политологот Вишеслав Раос, Милановиќ „во своите набљудувања понекогаш покажува смисла за хумор, но користи вокабулар кој е „ефинитивно деструктивен“.