Пензиите во септември „ќе скокнат“ за илјадарка – во просек

Со новата методологија за усогласување на пензиите со порастот на платите и на порастот на трошоците за живот, пензионерите д септември може да очекуваат покаќување на панзиите за најмаклу 6 проценти.



„Согласно, првичните анализи, со кои располагаме, а се добиени од Министерството за финансии, усогласувањето согласно измените на законот ќе придонесе кон раст на пензиите за најмалку 6%. Ако просечната пензија изнесува во моментов 16.300 денари со ова усогласување пензијата би се зголемила за околу 1.000 денари“ изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Министерката имаше средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова и дел од претставниците на сојузот..

Овој износ – како што рече Тренчевска – не е дефинитивен, може да биде поголем или помал во зависност од официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) согласно кои ќе се изврши усогласување на пензиите,” рече Тренчевска.

Новиот начин на усогласување на пензијата произлегува од последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. МКД.Мк.