Опозицијата бара оставка на владата на Кирил Петков

Оставка од владата, која е погубна за Бугарија, побара ГЕРБ од говорницата на Народното собрание во декларација поднесена од парламентарната група…



Паѓа рејтингот на Петков, ГЕРБ најпопуларна партија

Од ГЕРБ обвинуваат дека многу прашањата и проблеми чекаат реакција од владата:

„Сè уште немаме мерки за борба против цените, инфлациската криза, немаме ни идеи во владејачкото мнозинство… Не само што не гласавте за важни точки од дневниот ред, туку гласавте и за 10-дневен празник Велигден“, велат од парламентарната група.

Опозицијата обвинува дека владеаччката коалиција се занимава со партиски и кадровски калкулации:

„Го избришавте „Булгаргаз“, ги декапитализиравте бугарските енергетски компании, ја покачивте цената на гасот, немате поим што ќе биде со цената на струјата… Ги вмешавте американската и британската амбасада, кои ве нарекоа лажговци“ се вели во декларацијата која ја прочита пратенеичката Десислава Атанасова.

Од партијата на Екс-премиерот Бојко Борисов велат дека “инсистираме да се формира привремена комисија и јасно е чиј капитал стои зад двете корпорации на кои им се дава бугарската енергетика“, велат од ГЕРБ.

Потрошивте 9 милијарди лева за 9 дена, Бугарија оваа недела достигна финансиско дно – долговите се плаќаат секој понеделник“, додаде Атанасова.

За „грев“ на владата на Петков се споменува и незаконското апсење на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, но и последната анкета според која партијата „Продолжуваме со промената“ веќе нема најголема доверба во јавноста.