Резултат од владината мерка за замрзнати цени на зејтинот е загуба „во супстанца“ од 190.000 евра за само еден месец на прилепска „Витаминка“ – втор најголем производител на зејтин во земјава! И капак на се е тоа што вчера министрите Бектеши и Николовски во „посета“ на велешки „Кристал“ на јавноста и порачаа дека нивните мерки биле успешни, но литар зејтин ќе чини од 120 до 150 денари, тоа е!
Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и зејтинот (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година). Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ, објави Фактор.мк
Линк до целиот текст.
з






