„Денеска пред или попладне ‘Азовстал’ ќе биде под целосна контрола на Руската Федерација. Ова во аудио снимка го изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, пренесе Гардијан .
Британскиот весник потсетува дека во пристанишниот град Мариупол се водат жестоки борби, но тој и понатаму е под контрола на украинските сили.
„Доколку руските сили го заземат Мариупол, тоа ќе биде најголемиот град заземен од руските сили од почетокот на инвазијата пред осум недели“, се вели во соопштението на британскиот весник.






