Портпаролот на владата Душко Арсовски не доби речиси ниту еден позитивнен коментар на изјавата во која се пофали дека владата што ја застапува била успешна на повеќе полиња.
,,Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит”, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.
Според коментарите на неговата изјава што ја пренесе државната информативна агенција Арсовски треба длабоко да се замисли дали народот верува во тоа што го зборува тој во име на владата.
Во некои од коментарите тој е брутално обвинет дека лаже, во некои граѓаните се шегуваат со неговата оценка а некои воопшто не се за објавување поради јазикот што се користи во него.
Дел од коментарите кои се за објавување:
Арсовски владата е во ќор сокак,нити прави нешто, ни успева да ги држи цените на реално ниво. Сите обиди за нешто се пукаат како меури од сапуница. НЕ ЈА БИВА . Само успева и последните државни имоти во квази тендери да ги оттуѓи. Работата ни е за нигде!
Монти Пајтон може вода да ви носи. Да пукнете ме изнасмеавте
За која држава кажуваш или сон раскажуваш
Каква доверба човеку, зарем не гледаш оти се е катастрофа никој нема поверење, само лаж и уцена ништо друго
Ова ништо не е точно. За поточно прашајте ги граѓаните а не ,,олјевци дојлевци” што немаат три чисти со мозоците и стварноста на општеството
Сите коментари на овој линк
https://www.facebook.com/359477174168894/posts/4962882557161643/






