За кои најранливи деца СДСМ и ДУИ не дозволија поголема помош

Вчера 47 пратеници на СДСМ, ДУИ и Алтернатива гласаа против поголема финансиска помош за родителите на деца со попреченост.



Владеачката коалиција го отфрли предлогот на Левица да се даде по околу 80 евра за децата кои се соочуваат со најсериозни облици на попреченост.

Според номенклатурата на УНИЦЕФ пратениците на СДСМ и ДУИ одбиле финансиски да им помогнат на деца од следниве категории:

Деца со попречености

физичка попреченост (потешкотии при движењето на рацете, нозете или целото тело, церебрална парализа,

употреба на помагала за движење како количка, одалки и сл.),

интелектуална попреченост (потешкотии во
интелектуалното функционирање),

оштетување на видот (кои се од потежок карактер и му задаваат потешкотија на детето да се вклучи во стандардните активности),

оштетувања на слухот и/или говорот (кои се од потежок карактер и му задаваат потешкотија на детето да се вклучи во стандардните активности),

комбинирана попреченост (комбинација од повеќе видови попреченост),

аутизам (аутистичен спектар на нарушувања), и други слични состојби кои му задаваат потешкотија на детето да се вклучи во секојдневните активности
(хиперактивност, дефицит на внимание)