ТВ водителот и активист Богдан Илиевски е дел од рубриката ,,Статус на денот” со својата забелешка дека во Македонија во 2022 година не може да се изгласа парламентарна декларација за великанот Гоце Делчев а може да се именува клуб во чест на нацистичкиот и фашистички соработник Ванчо Михајлов.
,,Декларација за Гоце Делчев не може.
Антимакедонски клуб „Ванчо Михајлов“ може.
Македонија, 2022″, пишува Илиевски познат како Бетмен Велит.
На средината на Февруари владеачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ одби да гласа за Декларација на Собранието за великанот Гоце Делчев.
Тогаш власта во Комисијата за надворешна политика тврдеше дека декларацијата била провокација и политичка пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.
Постот на Бетмен Велит






