„Движењето Беса реагираше на изјавата на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, нарекувајќи ја како неоснована и поттикнувачка и оти таа изјава има за цел да ја дефокусира јавноста од коруптивните афери и неспособноста на Владата, во која учествува и ДУИ.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“, пренесувајќи ја реакцијата на опозициската партија Беса под наслов „Етничките тензии секогаш беа поттикнувани од ДУИ заради политички цели“.
„Ин7“ го пренесува соопштението на Беса: „Движењето Беса не е во коалиција со ниту една политичка партија во Градот Скопје и не сноси одговорност за непочитувањето на албанскиот јазик, што денес се забележува во многу институции, раководени од ДУИ и СДСМ. Арбер Адеми ја помеша адресата: нека не ја упатува својата загриженост на адреса на Движењето Беса, туку до директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, кој е од редовите на неговата партија.“
„Беса додава и дека меѓуетничките тензии во земјава отсекогаш биле поттикнувани и креирани заради политички цели од влади, во кои дел била и ДУИ.“





