Тодоров: „Именувањето на клубот по Михајлов е многу лоша порака – треба имиња на луѓе, што ќе поттикнуваат зближување“

„Со именувањето на културниот клуб по Ванчо Михајлов се праќа многу лоша порака.’ – вели историчарот Петар Тодоров, кој е и член на Мешовитата историска комисија во преговорите со Бугарија. Тој во емисијата ‘200’, која вечерва се емитува на Алсат, истакна дека, ако постојат искрени намери, тогаш вакви клубови треба да носат имиња на личности, кои навистина придонеле за културата и се споделени за двете општества.“ – објави ТВ Алсат.

На својот интернет-портал ТВ Алсат ги цитира ставовите на Тодоров, кои тој ги изнесува во емисијата „200“: „Ако клубот промовира дека треба да гради соработка меѓу двата народа и двете култури, тогаш треба да бидете многу внимателни какво име ќе одберете. Настрана тоа што е одбрано името на личност, која има негативна улога во историјата, по мое мислење не би требало да се најде како име на некој клуб, кој би промовирал зближување на народите. Контактите што ги имал тој со нацистичка Германија, со СС, со Хајнрих Химлер и со усташите и Анте Павелиќ, веќе го става во групата на оние луѓе, кои биле соработници на таа фашистичка коалиција во Втората светска војна.“