„Не сакаме да работиме со корумпирани луѓе. Пред апсењата можевме да разговараме, сега додека Кирил Петков не го видам надвор – нема да разговарам“, изјави екс-премиерот на Бугарија Бојко Борисов на денешната прес-конференција на која ја обвини владата за високиот степен на корупција во земјата.
Инфлацијата кај нас е двојно повисока отколку во еврозоната, рече Борисов. Оваа влада се „цареви“ за расфрлање со пари на фонот на инфлацијата и растот на цените, пренесе БГНЕС.
Екс-премиерот тврди дека целата енергетика на Бугарија е во раце на офшор компании. „Тие се извалкани до уши со корупција. Ние сме опозиција и додека Кирил Петков е премиер, ГЕРБ нема да направи ништо“- рече Борисов.
Од неговата партија велат биле „сведоци на низа лагите на премиерот Петков за компанијата „Gemcorp“, чии активности во не се поврзани со енергетика, туку со трговијата со дијаманти и трговијата со храна.
„Излажаа за компанијата и тоа може да се види на официјалната страна на Министерството за енергетика.
Се испостави дека потпишале со офшор компанија регистрирана во 2016 година во Џерси. Таа е поврзана со офшор компании од Кајманските острови и други компании во Женева. Нашиот енергетски сектор го поврзан со синџир на офшор компании, чија сопственост е неидентификувана и чиј капитал е од непознато потекло“, обвинија од ГЕРБ.







