РСЕ: Муареми демантира дека Ковачевски му побарал оставка

Директорот на управата за финансиска полиција Арафат Муареми ги демантира обвинувањата дека премиерот Ковачевски му побарал оставка.



Во меѓувреме 4 институции водат свои истраги за причините за тригодишниот неуспех за конфискација на имотот на Трансмет по донесена пресуда за сторено кривично дело, пишува Радио Слободна Европа..

„Категорично ги отфрлам шпекулациите и натписите на одредени портали пласирани во јавноста кои се однесуваат на тоа дека сум недостапен, односно во бегство.

Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција“ – тврди директорот на Управата Арафат Муареми за Радио Слободна Европа.

„Како и досега, и натаму ќе продолжам да ја извршувам својата функција – директор на Управата за финансиска полиција професионално, одговорно и транспарентно во своето работење, согласно позитивните законски прописи“, вели Муареми во одговорот на прашањето дали размислува сам да се повлече од функцијата по отворената обвинителска постапка.

Од Владата велат дека за отворената обвинителска постапка нема да коментираат.