Водечки бугарски менаџер за клубот ,,Ванчо Михајлов”: Врховна глупост и провокација

Еден од водечките бугарски бизнисмени, консултанти и менаџери Евгени Канев со свој храбар став пред бугарската јавност за отворање на бугарскиот клуб во Битола кој е крстен по фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов.



Според Канев бугарската провокација ја споредува со македонско отворање на клуб во Софија според имињата на Сталин, Тито или украинскиот фашист Бандера.

Овој чекор не може да ја уништи стигмата за Бугарија како фашистички окупатор за која има доволно историски аргументи.

,,Именувањето на бугарскиот културен центар во Битола по Ванче Михаилов е или врвна глупост или намерно барана провокација од бугарската држава.

Имам чувство дека националистите, кои се сметаат за патриотски политичари кај нас, ја бараат секоја можност да провоцираат, наместо да бараат начини да ги зближат нашите народи, а Македонија е должна да ја прифати провокацијата ако сака ЕУ.

И покрај тоа што последниот голем лидер на ВМРО има статус на народен херој кај нас, тој не може безрезервно да биде прифатен во Македонија. Затоа што иако се бореше за автономна Македонија, но во суштина за втора бугарска држава, во овој процес тесно соработуваше – и тоа на највисоко ниво – со Хитлерова Германија. Ова е токму провокацијата од страна на Бугарија кон пречувствителното население на Македонија.

Овој чин ги поткопува и напорите на поумерените бугарски политичари да ја избришат стигмата за Бугарија како фашистички окупатор за време на Втората светска војна – историски факти и аргументи, кои секогаш лесно можеа да се најдат на македонска страна.

Овој чин е еквивалентен на тоа Македонија да отвори културен центар кај нас „Јозеф Тито“ или Украина во Москва „Степан Бандера“.

Овде не се работи за отворање спор за тоа кој навистина бил што, туку за барање имиња кои ги зближуваат, а не ги раздвојуваат двата народа. А придонесот на Ванче Михаилов во културата, а не во револуционерните борби не е јасен.

Зошто, на пример, центарот да не се нарекува „Климент Охридски“, „Браќа Миладинови“ или „Григор Парличев“?

Ако Бугарија продолжи да се однесува провокативно како окупатор, наместо како братски народ – зошто постојано се жалиме на говор на омраза, по кој постојано фрламе стапови?

Кој на крајот има корист од овој чин?
Длабоко се сомневам дека Бугарија победи”, смета Канев.

Тој за својот став добива низа заканувачки или навредливи коментари но и стотици лајкови во знак на поддршка што дава надеж дека не сите Бугари се согласни со провокациите кон Македонија од страна на бугарските власти.