Украинскиот претседател Волозимир Зеленски објави дека руската армија започнала голема офанзива во источниот регион Донбас.



„Денес можеме да потврдиме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, која ја подготвуваа долго време. Голем дел од руската армија е веќе концентрирана во оваа офанзива“, рече претседателот во вонредното обраќање.

Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретнат со други шефови на држави во врска со новата офанзива на руските трупи во Донбас.

На состанокот ќе учествуваат и лидерите на Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Италија, Полска и Романија. На него ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Руската армија објави дека уништила големо странско складиште за оружје во близина на Лавов. Оружјето штотуку е доставено во Украина. Магацинот е еден од 16-те украински воени локации што Русија соопшти дека ги уништила во понеделникот.

Руски авиони нападнале логистички центар во кој имало „големи пратки странско оружје испорачано во Украина во изминатите шест дена од САД и европските земји“ и го „уништиле“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.