Македонските власти требало да реагираат многу поубедливо и да им стават до знаење на припадниците на бугарското малцинство во земјава дека мора да ја почитуваат македонската држава.



Подобрувањето на правата да ги бараат во директен контакт со македонските институции (Владата, Собранието, Претседателот), како што е правото да бидат впишани во Уставот, а не со мешање на бугарската политика во внатрешните работи на земјава, вели поранешниот амбасадор на Македонија во Софија, Марјан Ѓорчев.

„Именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој е осведочен соработник на фашистичките режими во Хрватска и Италија, човек чие политичко кредо е политичко насилие и терор, и тоа е забележано не само во Бугарија туку и ширум Европа, значи дека се поткопува и максимата за заедничка историја.

„За каква заедничка историја зборуваме кога македонската антифашистичка борба и третиот Рајх на Бугарија се две спротивставени страни во историјата. Ова е провокација од Бугарија“, вели Ѓорчев.