„Брисел нема да се откаже лесно од Скопје но веќе нема лесно да ја прими во унијата“, вели за бугарскиот ТВ Блумберг бугарскиот новинар и аналитичар Анатолиј Стајков.
На Македонија како на никоја друга земја сега и е потребен влез во ЕУ и НАТО, смета Стајков според кого сега не е важно колку места ќе освојат партиите на изборите туку дали ќе се создаде атмосфера која што ќе доведе до превремени парламентарни избори.
Стајков смета дека охрабрен од победата на локалните сега Заев ќе се обиде да организира предвремени парламентарни избори за да ја зацврсти својата власт.
Ако Зоран Заев продолжи со истата политика во Македонија не го очекува ништо поинакво од тоа што се случи со Никола Груевски и досегашните власти, вели Стајков според кого Брисел сака да ја види земјата во ЕУ но нема лесно да дозволи таа да стане членка без да ги исполни сите критериуми за влез.





