„Укинувањето на ‘20 проценти’ од Уставот ВМРО-ДПМНЕ го условува со укинување на бадинтерот и балансерот. Запрашан дали овој услов ќе биде даден пред лидерите на албанските политички партии, Мицкоски рече дека еднаквоста треба да важи за сите, посочувајќи дека неговиот став е конкретен.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: „Лидерот на албанската опозиција Зијадин Села вели дека албанскиот јазик не може да се условува, додавајќи дека бадинтерот треба да се замени со поефикасен механизам, а за балансерот Алијансата за Албанците ќе предложи Закон за правична и соодветна застапеност.“
„Албанскиот јазик е албански јазик и не може тој да се условува. Имаме разбирање за нашите сограѓани за моментот со кој се соочуваат и очекуваме да го имаат истото разбирање за нашиот јазик. Јазикот и идентитетот се свети и според ова не треба да има навредливи квалификации во однос на албанскиот јазик. Тоа е така и не треба да биде условено со никаков механизам, без разлика дали е бадинтер, или балансер.’ – рече Села.“
„И ДУИ и Движењето Беса ја поздравија подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да се укине дефиницијата 20 отсто од Уставот, нагласувајќи дека бадинтерот и балансерот не можат да се укинат, додека не постојат други механизми за спречување на етничката застапеност.“





