На првиот од големите концерти од шоуто „Х Фактор“ бугарските гледачи го исфрлија единствениот Македонец.
Стојанчо Бучков кому жирито му дозволи да влезе во финалето вчера доби најмалку гласови од публиката и брзо го заврши неговото учество во годинашното издание на најгледаната бугарска музичка шоу програма.
Според медиумите во Бугарија тој имал лоша вечер и по двобојот со прекрасната мулатка Манал морал да ги спакува куферите а според коментарите на форумите на интернет Б
учков е жртва на предрасудите на бугарската јавност кон Макеоднија и изведувачите од тука.

И во коментарите на Фејсбук тој има се повеќе симпатизери кои што сметаат дека испаднал неправедно.
„Многу болно беше кога се случи проблемот со микрофонот што не беше негова туку грешка на техничарите. Тоа што жирито не го коментираше инцидентот ми говори дека имале друга намера“, се вели во друг коментар на гледач кој смета дека Бучков е жртва на политичките односи меѓу Бугарија и Македонија.




