„Иван (Ванчо) Михајлов во историската меморија на македонскиот народ останува запаметен како организатор и наредбодавец за голем број убиства на истакнати македонски интелектуалци и дејци, во пресрет на Втората светска војна. Во европската и во светската историја останува запаметен како соработник на нацистичка Германија.“ – се наведува во статијата, која ја објави весникот „Нова Македонија“ со наслов „Фашист, терорист, наредбодавец за масовни убиства“.
„Нова Македонија“ објави: „Иван Михајлов во македонското движење се оформува како крупна фигура по организирањето серија убиства на истакнати Македонци. Во септември 1924 година, Михајлов и неговите соработници ги организираат и спроведуваат горноџумајските атентати и убиства. Ликвидациите започнуваат во Горна Џумаја (Благоевград), а се прошируваат низ Бугарија и Европа. По наредба на Михајлов беа убиени и најзначајните санданисти – приврзаници на великиот македонски водач Јане Сандански: Чудомир Кантарџиев, Александар Бујнов, Георги Скрижовски и др. Со овие убиства беше ослабено македонското национално движење во пресрет на Втората светска војна.“
„Фашист и соработник на нацистичка Германија“
„Во почетокот на 30-тите години на 20 век, Иван Михајлов ја продлабочува соработката со хрватските усташи, италијанските фашисти и со нацистичка Германија. Соработката на Михајлов со усташкиот водач се констатира во еден доверлив документ на ЦИА од 1953 година, во кој се вели дека ‘Михајлов е близок пријател и соработник на Анте Павелиќ, хрватскиот усташки лидер’. Од овој период има повеќе историски документи за соработката и контактите на Михајлов со нацистите.“
„Во документите на ЦИА: ‘Иван Михајлов е гангстер и терорист, на кој не може да му веруваат САД, или кој било друг“
По завршувањето на Втората светска војна, Иван Михајлов повторно заминува во емиграција, во Рим, каде што останува до својата смрт во 1990 година. Во 1968 година, Михајлов остварува средба со свој соработник и информатор, кој му пренесува детални податоци за Македонија. Во текот на разговорите, Михајлов на својот соработник му пренесува „најнапред да го оштетат или целосно да урнат споменикот на Гоце Делчев во скопскиот парк. Или, на Могилата на непобедените во Прилеп, да им ги симнат главите на спомениците на сите народни херои таму.“ Спротивно од ова, како аманет на приврзаници им оставил „на секој 13 јануари, на местото каде што загина Мара Бунева, младите, во знак на помен, треба да оставаат свежо цвеќе.“
Интернет-врска до целата статија:
Home Македонија НМ: Михајлов „гангстер-терорист“ што го обезглави македонското движење и соработник на нацистите





