Само 29 нови случаи на коронавирус, пријавен еден починат на 30 март

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 684 тестови.



Од ниив, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција.

Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица, а има 231 оздравен пациент.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а пријавено е на 30 март.