Ѓоргиев: Бугарската провокација со Михајлов го зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите

„Се случи чин, кој ги минира сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името ‘Ванчо Михајлов’ е смислена провокација.’ – смета Драги Ѓоргиев, сопретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.“ – објави весникот „Нова Македонија“, пренесувајќи ја статијата на Дојче веле.

„Нова Македонија“ пренесува: „Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. Кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, Дури и како чин, кој преминува на спротивната страна од т.н. ‘пријателство.’ – вели Ѓоргиев за Дојче веле.“

„Според него, називот на бугарскиот културен клуб во Битола праќа и порака до Македонците, која нема никаква врска со културата. ‘Повеќе од очигледна е тенденцијата да се потсети македонската јавност дека познатите идеи на Михајлов во однос на македонската нација и јазик ќе продолжат да бидат негувани во самата Македонија. Порака која ќе го направи уште поголем расколот меѓу Македонците и Бугарите.’ – оценува Драги Ѓоргиев.“